Граничниот премин Дојран-Дојрани затворен за товарен сообраќај
SAMSUNG DVC PICTURES
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Стар Дојран“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин ,, Дојрани“ , а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за ковид-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин ,,Дојрани“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од 00.00 часот до 04.08.2020 (вторник).
Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“.
Извор: известување од МВР