Невремето кое попладне го зафати Струмичко, проследено со силен ветер и град, предизвика поплавување на повеќе улици во долниот дел на градот, поплавени се подруми, урнати се дрвја, а во атарите на села во под планината Беласица градот предизвика оштетување на посевите на отворено, посебно на бостанот. ОД ТППЕ Струмица информираа дека по големото невреме […]
Маските „Пчелин рај“ и „Весели Печурки“ на ОУ „Видое Подгорец“ и „Весели марионети“ на СОУ „Никола Карев“ учествуваа на денешниот „Радовишки детски карневал 2022“. Со своите креации и на овој како и на многу други карневали оставија одличен впечаток, а нивните маски предизвикаа големо внимание на овој карневал.
ЈПКД „ Комуналец“ започна со генерално пролетно чистење на каналот на „Крушевска Република“ со што освен подобрувањето на изгледот и хигиената на самиот канал, се превенира од создавање на поплави од поројни дождови во летниот период. Во акцијата е соберена и депонирана сета трева и растенија, сите нови израстоци на трева и растенија во каналот […]
Општинското основно училиште „Сандо Масев“ денеска го стави во употреба Детскиот амфитеатар во форма на петоаголник кој е наменет за одржување часови на отворено, драмски и музички настани, творење и за секаков вид забави. Отворањето на Детскиот амфитеатар го поздрави градоначалникот Костадин Костадинов, кој присуствуваше на првиот настан организиран на овој простор, а беше и […]
-Со здружени сили, сите заедно и директорот и раководителот и претседателите на двата синдикати и сите ние заедно за поубава средина, за поздрава околина, за подобри услови за работа, објави директорот на Македонски пошти во Струмица, Синиша Илијоски. Денеска тие го уредија влезот во Поштата во Струмица и му дадоа нов лик.
-Во Струмица повеќе нема диви продавачи на текстил. Нелојалната конкуренција и грдата слика на градот се минато. Ова е резултат на силната желба и заедничкото работење на сите партнери во Локалниот совет за превенција.На денешната седма конференција се договоривме овој 100 процентен резултат да го повториме и кај другите отворени проблеми како што се нелегалната […]
-Денеска е 25. Мај кој во времето на поранешната СФРЈ се славеше како Ден на младоста и роденден на нејзиниот претседател Јосип Броз Тито. Денеска се празнуваше патрониот празник на ООУ „Маршал Тито“ во Струмица, објави градоначалникот Костадин Костадинов. Лично им го честитав и на учениците и вработените кои организираа прекрасна приредба во чест на […]
На вечерашното одбележување на Денот на Сесловенските просветители – Светите Кирил и Методиј, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов им додели награди на најдобрите наставници и стручни соработници во училиштата, како и на воспитувач и негувател во градинката, за исклучителни резултати во работата и афирмацијата на училиштето или градинката. -Зборовите „образ“ и „образование“ треба да одат […]
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска посетата во Струмица ја започна со заеднички појадок со корисниците во станбените единици кои со процесот на деинституционализација се преместени од Заводот Бања Банско, соопштија денеска од ова министерство. „Процесот на деинституционализација го подобрува квалитетот на живот на лицата со попреченост. Корисниците кои во овој процес […]
Следејки ги потребите на граѓаните ЈПКД „Комуналец“ Струмица отвори нов Наплатен Центар во кој корисниците можат да ги плаќат сметките брзо и без провизија. Наплатниот Центар е во населбата „Карпош“, поточно на улица „Моша Пијаде“ бр. 48 и работи секој ден од 07 до 19 часот, како и сабота од 07 до 13 часот.