fbpx

Доделени награди на најдобрите наставници, воспитувачи и негуватели

 Доделени награди на најдобрите наставници,  воспитувачи и негуватели

На вечерашното одбележување на Денот на Сесловенските просветители – Светите Кирил и Методиј, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов им додели награди на најдобрите наставници и стручни соработници во училиштата, како и на воспитувач и негувател во градинката, за исклучителни резултати во работата и афирмацијата на училиштето или градинката.

-Зборовите „образ“ и „образование“ треба да одат рака под рака, оти вие сте, и треба да останете образот на нашето општество. А за сите ваши заложби вистинската валоризација за вложениот труд нема да изостане. Ви го честитам 24 Мај – Денот на Сесловенските просветители и ви посакувам многу успеси во вашата благородна работа, рече Костадинов.

Постхумно и беше доделено признание на Атиџе Мемедова, поранешна наставничка во ООУ „Маршал Тито“ и поранешен член на Советот на Општина Струмица.

Share via
Copy link