fbpx

Tags : Костадинов

Костадинов:струмичани го искористија во целост буџетот за субвенција за купување

-Почитувани сограѓани, мерките за поттикнување здрави животни навики се препознаени и резултираат со голем интерес. Со огромно задоволство сакам да споделам информација дека во рекордно време струмичани го искористија во целост планираниот буџет за субвенција при купување нов велосипед, кој оваа година беше зголемен во споредба со минатата. Со тоа се исполнети условите од јавниот […]

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТАДИНОВ ВО ОБИКОЛКА НА НОВИТЕ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ВО СТРУМИЦА

Како дел од проектот „Струмица – Паметен вело град“ во Струмица веќе шест месеци со интензивно темпо се работи на изградба на велосипедски патеки на повеќе локации во градското подрачје, соопштија денеска од Општината. Градоначалникот на Oпштина Струмица, Костадин Костадинов и rаководителот на Одделението за меѓународна соработка и eвропски Фондови, Ѓоко Ристовски, заедно со тимот […]

Костадинов:Струмица ќе формира јавно претпријатие за јавен превоз

-Нека е со среќа.Денеска советот донесе голема одлука.Се формира ново јавно претпријатие „Струмица Транспорт“ кое ќе го воведе јавниот превоз во Струмица.Прва општина која ќе има целосно електричен, еколошки јавен превоз, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Костадинов:“GetExitEd“ повторно ќе се случи оваа година во Струмица

-Убави вести – директно од Нови Сад! Со гордост потврдувам дека “GetExitEd“ повторно ќе се случи оваа година во Струмица. Ова ќе биде голем настан кој нé обединува во процесот “Отворен Балкан“, објави градоначалникот, Костадин Костадинов. -На Септември, нашиот град повторно ќе биде домаќин на фестивалската програма која ќе понуди регионални и светски познати музички […]

КОСТАДИНОВ ВО ПОСЕТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВИ САД

Денеска градоначалникот на Општина Струмица во рамки на неколкудневната посета на Република Србија оствари средба со Милан Ѓуриќ, градоначалник на Општина Нови Сад на која, двајцата колеги разменија информации и искуства од управувањето со Општините, а најавија и почеток наинтензивна соработка на повеќе теми. “Големо е задоволството да се биде гостин во официјална посета на […]

Атанас Костуранов и Катерина Јовановска принц и принцеза на Карневалот,

Атанас Костуранов и Катерина Јовановска се избрани за принц и принцеза на синоќешниот маскенбал што се одржа во Хотелот „Сириус“ во Струмица. Тие вечерва заедно со кралот на карневалот ќе ја предводат карневалската поворка по улиците на Струмица на Интернационалната карневалска вечер, кој почнува во 18.30 часот. Градоначалникот Костадин Костадинов заедно со неговата девојка Гордана […]

Костадинов: Пожарот кај Софилар е ставен под контрола

Пожарот кој околу пладне избувна во атарот на населбата Софилар, а чадот и пепелта се почувствуваа во градот, е ставен под контрола, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -И покрај ветерот, брзата интервенција на пожарникарите не дозволи негово проширување.Да бидеме спокојни, пожарот е локализиран, а состојбата и понатаму ја контролираат нашите пожарникари.Голема благодарност до ТППЕ […]

Градоначалникот Костадинов ги пречека пожарникарите-спасители кои се вратија од Турција

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, синоќа по полноќ ги пречека осумте пожарникари кои се вратија од спасувачка мисија од катастрофалниот земјотрес во Турција. -Добредојдовте херои на Струмица!Вечерва после полноќ со огромно чувство на одговорност, но во исто време и неизмерна гордост ги пречекав струмичките пожарникари кои беа во спасувачка мисија во Турција.Во мое име и […]

Костадинов:Осум пожарникари од Струмица заминуваат во спасувачка мисија во Турција

-Потресен сум и неизмерно тажен од вознемирувачките информации за разорниот земјотрес кој рано наутро ги погоди југоисточниот дел на Турција и Сирија. Таквите катастрофи, само ни укажуваат на фактот колку е немоќно човештвото пред моќта на природата и нејините законитости. Но, во исто време, таквите случувања ни даваат до знаење колку треба да бидеме хумани […]

Костадинов:Нашите вредни земјоделци заслужуваат пристојни патишта до земјоделските површини

-Нашите вредни земјоделци заслужуваат пристојни патишта до земјоделските површини.Во соработка со Центарот за развој на Југоисточен плански регион и финансиска поддршка од Министерство за земјоделство, се тампонира полски пат од населбата Софилар во Струмица до атарот на селото Ангелци во општина Василево во должина од 1.850 метри, објави струмичкиот градоначалник.. Го слушаме гласот на граѓаните, […]