Костадинов:Со огромна тага ја примив веста за трагичната несреќа во Нови Сад
Костадинов: Не е важно кој од која партија е, туку каква вода пиеме
-Не е важно кој од која партија е, туку каква вода пиеме. Жално е за таков голем проблем да се делиме на наши и ваши. Такво беше моето гласно размислување, како дел од моите обраќања пред советниците, на денешната 42. седница на Советот на општина Струмица, објави градоначалникот Костадинов.
-За жал, на точката од дневниот ред по која се расправаше за проблемот со водата со кој се соочуваат жителите од градот и шест населени места во општина Струмица, беше злоупотребена од опозицијата за политичка дискусија и нагласен популизам.Сепак, задоволен сум од одлуката на советниците кои го прифатија мојот предлог и гласаа „за“ намалување на цената на техничката вода која во моментот ја користат домаќинствата, и тоа од 33.99 на 7.85 денари.На седницата беше усвоена и одлуката за општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица, како и неколку други важни одлуки поврзани со работата на ЈПЕД „Струмица-Гас“, ЈСП „Струмица -Транспорт“ и ЈОУДГ „Виножито“, напиша струмичкиот градоначалник.