Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов ја засилуваат Струмица за натпреварите во Купот на ЦЕВ
Директорката на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во посета на „Цар Самуил“
Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска денеска беше во посета на “Цар Самуил” и притоа се запозна со капацитетите и можностите на Хидротермалниот медицински центар.
-Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот се вклучи во процесот на пристапување преку поддршка и учество нa состаноци со претставници на Советот на Европа и раководството на мрежата на EHHTA и се надеваме на позитивна одлука Струмица да се приклучи во мрежата на градови со културно-историско термално наследство, кое се користи во континуитет со векови, рече директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска на прес конференцијата по посетата на Хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил“.