fbpx

Фото:99 годишниот првоборец Јован Величковски и министерот Спасовски

 Фото:99 годишниот првоборец Јован Величковски  и министерот Спасовски

Првоборецот од беровско Митрашинци и прв началник на полицијата во Берово, 99 годишниот Јован Величковски, срдечно се поздрави со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешното откривање споменик на четворицата бранители во Берово од конфликтот во 2001 година.

-Оваа фотографија кажува многу. Мојот дедо е прв началник на полицијата во Берово и првоборец во НОВ, директен учесник во создавањето на државата. На бранителите кои загинаа во 2001 година и денес им се подигна споменик се продолжувачи на неговото дело, рече неговиот внук Ванчо Тркалевски.

Денеска во Берово е откриен споменик во чест на четворицата загинатите бранители Зоран Бубевски, Николчо Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски.

Инаку, дедо Јован е еден од најстарите преживеани борци од Втората светска војна и НОВ.

Share via
Copy link