„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Второ прскање против комарци во Југоистокот од 7 до 9 јули
Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион, дека второто прскање против возрасни комарци ќе се изврши во период од 7 до 9 јули 2021 година, со следниот распоред:
На 07.07.2021 година (среда), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче.
На 08.07.2021 година (четврток), во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
На 09.07.2021 година (петок), во период од 20 до 04 часот во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.