fbpx

„Еуромакс“ и „Трафигура“ за посигурна и поквалитетна дистрибуција на вода во под Огражденскиот регион

 „Еуромакс“ и „Трафигура“ за посигурна и поквалитетна дистрибуција на вода во под Огражденскиот регион

„Еуромакс ресоурцес“, поддржана од најголемиот инвеститор „Трафигура“ го ревидираше проектот во делот за водоснабдување и дистрибуција на вода во под Огражденскиот регион. Иницијално предвидената инвестиција во инфраструктурата за водоснабдување на населението и за наводнување на земјоделските површини во околината на Иловица и Штука се зголемува на 8 милиони евра, објави Еуромакс на Фејсбук страницата на компанијата.

„Ние постојано работиме на ревидирање, ажурирање и унапредување на сите сегменти од нашиот Проект, па така иницијално планираната инвестиција за овие зафати сега е значително зголемена и усогласена со актуелните состојби. Тоа значи дека веднаш кога ќе можеме да започнеме со интензивна изградба и реализација на Проектот „Иловица-Штука“, ние ќе инвестираме буџет од околу 8 милиони евра само за водоводната инфраструктура наменета за локалната заедница“, велат од „Еуромакс Ресоурцес“.

„Еуромакс“ пред неколку години во процесот на планирање и проектирање на првичната физибилити студија потпиша „Меморандум за разбирање“ со АД Водостопанство на Република Северна Македонија, Подружница „Струмичко Поле“- Струмица, за изградба на нов затворен систем на цевковод од акумулацијата „Турија“ до акумулацијата „Иловица“. Со овој сериозен зафат ќе се замени постојниот отворен канал од кој се евидентирани големи количини загуби на вода, пред се наменети за иригационите потреби на индивидуалните корисници помеѓу акумулациите Турија и Иловица. Ваквиот сигурен транспорт на водата преку цевковод драстично ќе ги минимизира загубите, но и ќе го подобри квалитетот и чистотата на водата.

„Нашите експерти правеа интензивни тестирања на мостри од водата на двете реки што покажа дека водите се често контаминирани со бактерии од животински измет како и од неконтролирано исфрлање на ѓубре во речните корита. Затоа се обврзавме да инвестираме и во целосна замена и реконструкција на постојниот дистрибутивен систем за снабдување со чиста вода за сите домаќинства од тие села. Жителите најдобро знаат дека во дотраениот и на повеќе места оштетен дистрибутивен систем, дури и правилно третираната вода во резервоарот Иловица, често се загадува со кал и бактерии додека пристигне во нивните домаќинства. Новиот систем ќе ги зголеми сигурноста и квалитетот на снабдување, ќе ги минимизира загубите и ќе ги поврзе дури и најоддалечените куќи, посебно од селото Штука!“, дообјаснуваат од компанијата.

Системот за дистрибуција на вода во под Огражденскиот регион, во кој „Еуромакс“, како општествено одговорна компанија ќе инвестира, потоа ќе остане во сопственост на надлежните државни и локални институции и организации, кои со него ќе управуваат. Односно, согласно потпишаниот договор, „Еуромакс“ се согласиле потребите на рударскиот комплекс да бидат последни на приоритетната листа за користење вода, додека врвен приоритет остануваат да бидат локалното население, домаќинствата и земјоделските корисници.

(комерцијална објава)

Share via
Copy link