fbpx

Казнети 56 возачи за брзо возење, еден возел и над 50 километри од дозволеното

 Казнети 56 возачи за брзо возење, еден возел и над 50 километри од дозволеното

Вчера во периодот од 15:00 до 22:00 часот Секторот за внатрешни работи Струмица презеде засилени мерки над учесниците во сообраќајот, при што биле констатирани 56 прекршоци сторени од возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената, од кои 1 прекршок сторен од возач кој управувал моторно возило со брзина над 50 км/ч повеќе од дозволеното, а 15 возачи управувале возила со брзина помеѓу 30 и 50 км/ч повеќе од дозволеното, соопштија денес од МВР.

За сите констатирани прекршоци биле изречени соодветни санкции.

Share via
Copy link