fbpx

Довербата во Струмичко и Радовишко ќе ја бараат пет независни листи за советници и една кандидатура за градоначалник

 Довербата во Струмичко и Радовишко ќе ја бараат пет независни листи за советници и една  кандидатура за градоначалник

Пет независни листи за советници и една за градоначалник во општините во Струмичко и Радовишко ги собраа потребните потписи за кандидатури  и на локалните избори во октомври ќе ја бараат поддршката од граѓаните.

Здружението „Здрава котлина“ под името „Стига е“ ќе има советнички листи во Струмица, Ново Село и Босилово, а во Струмица и советничка листа на Шефкет Асанов.

Во Радовиш на изборите ќе учествува Горан Поцев со независна кандидатура за градоначалник  и листа на советници.

До синоќа, кога беше законскиот рок за собирање потписи за независни кандидатури, Иљо Ангов не го собра потребниот број потписи за неговата кандидатура за градоначачник на Општина Василево.

Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври и на 31, кога ќе има втор круг за избор на градоначалници.

Share via
Copy link