fbpx

Со ноќен радар полицијата улови 36 возачи за брзо возење

 Со ноќен радар полицијата улови 36 возачи за брзо возење

На 06.09.2021 година во периодот од 20:00 до 24:00 часот Секторот за внатрешни работи Струмица презеде засилени мерки над возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената, со ноќен радар.

Притоа, биле констатирани 36 прекршоци од кои 1 возач управувал возилo со брзина поголема од 50 км/ч од дозволеното, а 11 возачи управувале со брзина помеѓу 30 и 50 км/ч поголема од дозволената.

За сите констатирани прекршоци биле изречени соодветни санкции.

Share via
Copy link