fbpx

Заедничка обука за пружање прва помош за вработените во Центарот за развој на ЈИПР и за Црвениот крст

 Заедничка обука за пружање прва помош за вработените во Центарот за развој на ЈИПР и за Црвениот крст

Денеска во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица се одржа заедничка обука за пружање прва помош за вработените во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и за Црвениот крст.

Обуката се одржа во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на првата помош, кој се одбележува со најразлични активности во текот на месец септември.

На обуката вработените во двете организации беа запознати со пружањето прва помош од страна на претседателот на ОО Црвен крст Струмица, д-р Васил Тунев и демонстраторот, Танкица Стојанова.

Покрај обуката, денешниот настан беше искористен и за разговор за натамошна соработка, посебно околу социјалното претприемништво, како и соработка во други проекти од интерес на двете организации.

Share via
Copy link