„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Осум пожарникари од Струмица учествуваат на НАТО вежбата во Охрид
Осум пожарникари-спасители од Територијалната професионална против пожарна единица на Струмица, припадници на УСАР тимот (урбано пребарување и спасување), кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување, учествуваат на НАТО вежбата во Охрид.
Вежбата ја организира Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи ( EADRCC ) и се одржува од 20 до 24 септември на подрачјето на Охрид и Струга.
Досега ова најголема и најзначајна цивилна НАТО вежба во која учествуваат 28 земји со преку 700 учесници со различни тимови за заштита и спасување.
На вежбата станува збор за сценарио за справување со последици од катастрофален земјотрес што би го зафатил Охридско-Струшкиот регион.
Струмичките пожарникари досега учествуваа на многу вежби од таков карактер, а со својата пожртвуваност, знаење и вештини се истакнаа во справувањето со последиците од катастрофалниот земјотрес во Албанија и големите поплави во Србија.