fbpx

Костадинов најави реализиција на три важни булеварски решенија

 Костадинов најави реализиција на три важни булеварски решенија

Интегрален текст од прес конференцијата на Костадин Костадинов, кандидат за градоначалник на Струмица од СДСМ

Почитувани Сограѓани,
Почитувани учесници во сообраќајот од Струмица и околните населени места,
Ја користам оваа прилика, од терен и од лице место да го најавам почетокот со реализација на капиталниот инфраструктурен проект ‐ трасата од булеварот “Братство и Единство“ која се протега од тука, од крстосницата со булевар “Климент Охридски“ до спојот со главната улица кај “Агроберзата“. Веќе постои проект за изведба на ова булеварско решение со кое е предвиден коловоз со ширина од 7.5 м во двете насоки и тротоари со ширина од 3 м, од двете страни. Капиталната вредност на овој зафат претставува и планираната изградба на мост преку река “Водочица“ со вкупен распон од 14,60 м. Ова траса, како една од главните сообраќајници во Струмица е важна комуникација во овој дел на градот. Дополнително, од суштинска важност е соодветното сообраќајно уредување на влезот на Струмичката меѓуградска автобуска станица.
Втора сериозна градска артерија во овој дел од Струмица за која сме зафатени да ја третираме е трансформација на “Климент Охридски“ во широко габаритен булевар на потегот од кружниот тек кај “Жито Струмица“ до “Терминалот“. Надлежните Институции и Органи интензивно работат на подготовка на потребната проектна документација за изведба на ова делница од булеварот “Климент Охридски“ со вкупна должина од 1.850 м која треба да има две коловозни ленти со ширина од 7.5 м одвоени со централен, зелен појас со широчина од 2 м. Очекувам веднаш по завршување на сите потребни постапки и процедури да започне изведбата на оваа траса.
Дека навистина зборуваме за реални проекти, потврдува и актуелната работа на терен за регулацијата на поројот Свети Илија во чии рамки, во габарит од две сообраќајници паралелни со поројот ќе биде изведен булеварот “23.Окромври“. Со оваа капитална инвестиција инфраструктурно се третира овој дел од Град Струмица.
Реализацијата на овие три важни булеварски решенија значи, не само побрз проток на возила и олеснување на движењето низ градот, туку и непречено движење без застои што допринесува за намалување на емисија гасови од автомобилите и директна заштита на животната средина и намалување на загадувањето во нашиот град.
Ете ова е нашиот пристап за континуиран развој и напредок на градот и Општината. Од срце, за Струмица!

Share via
Copy link