fbpx

Пешак потешко повреден во сообраќајка во Струмица

Вчера во 15:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „Климент Охридски“, патничко возило „мерцедес“ со бугарски  регистарски ознаки, управувано од В.Д.(45) од с.Седларци, Струмичко, удрило во пешакот С.С.(58) од Струмица.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link