„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Кај Богородица пронајдени девет мигранти од Индија
Вчера во 19:00 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, на место викано „Клучка – село Смоквица“, полициски сужбеници од Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ дале знак за запирање на патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи со голема брзина кон граничениот премин „Богородица“, соопшти МВР.
По преземени мерки, во близина на царинскиот терминал биле пронајдени возилото и совозачот Е.Ј.(24) од село Арачиново, скопско.
Исто така, во близина на возилото биле пронајдени и девет лица мигранти од Индија.
Совозачот бил лишен од слобода, а миграните биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.