Кај жител на Добрејци полицијата пронајде марихуана и семки од растение
Забранет е сообраќајот за тешки товарни возила на улицата „Цветан Димов“ во наредните три денови
Денеска се асфалтираше улицата „Цветан Димов“ на потегот од булеварот „Ленинова“ до улицата „бр.4 – Парк“.Во наредните три дена се забранува движењето на тешки товарни возила на оваа улица.
Во деновите на забрана, тешкиот товарен сообраќај се пренасочува од улицата „11-ти Октомври“, преку улицата „Кирил Динков“ позади „Грозд“ кон улицата „Цветан Димов“.
Од Општина Струмица апелираат до граѓаните за разбирање и почитување на оваа времена мерка.