„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Градоначалникот Костадинов ги кани граѓаните на првата форумска сесија за креирање на буџетот
Вечер ќе се одржи Првата форумска сесија во 18:00 часот во ДОМ на АРМ (Голема Сала) . Првата буџетска форумска сесија е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во Општина Струмица 2021/2022 година.
Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на Буџетот на општината и зголемување на транспаретноста на општината.
На првата буџетска форумска сесија граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со процесот на буџетирање и структурата на буџетот на општината, како и со планираните приоритети за развој за 2022 година.
Вашето присуство, активно учество и Вашиот придонес ќе биде од особено значење за успешно спроведување и реализација на Форумот во заедицата – Буџетски форум во Општина Струмица 2021/2022 година со што ќе ја потврдиме транспаретноста и партиципативноста на граѓаните во креирање на општинските политики и креирање на општинскиот Буџет.
Форумскиот процес се организира и спроведува целосно и усогласено со важечките Мерки од Ковид 19.