„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Градоначалникот Костадинов во посета на Центарот за поддршка на образованието на учениците со попреченост
Општина Струмица е втемелувач на образованието за ученици со аутизам во Република Северна Македонија. Пред 14 години започна образовниот процес на ученици со аутизам во посебните паралелки на ООУ „Сандо Масев“, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Грижата за образованието на учениците со попреченост беше и останува наш приоритет. Со новиот Закон за основно образование им се овозможува на сите ученици со попреченост да следат настава во редовните училишта, со тоа посебните паралелки за образование на ученици со попреченост се трансформираа во Центар за поддршка на образованието на учениците со попреченост при ООУ „Сандо Масев“, додаде Костадинов.
Денеска одржав работна средба со раководството на училиштето и вработените во Центарот на која разговаравме за промените кои што се направени, новите улоги и понатамошно зголемување на компентенциите и ресурсите за работа на Центарот за поддршка, којшто ќе има можност да ги опфаќа сите деца со попреченост, појасни Костадинов.
Во чест на взаемната соработка и цел – сите ученици со попреченост да бидат вклучени во образовниот процес и да добијат соодветно образование, засадени се десет дрвца, со што истовремено дадовме и заеднички влог во разубавувањето и заштитата на животната средина.
Инаку, во редовната настава во основните училишта во Oпштина Струмица се вклучени околу 50 ученици со попреченост.