fbpx

Полициски билтен:повреден мотоциклист, оштетено стакло во казино, контрола на возила за јавен превоз

 Полициски билтен:повреден мотоциклист, оштетено стакло во казино, контрола на возила за јавен превоз

На 01.12.2021 година во 15:00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на улица „Цветан Димов“ во село Пирава, валандовско, Б.Р.(18) од село Пирава, управувајки мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во столб.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

На 01.12.2021 во 22:30 часот во Полициската станица Радовиш, А.К.(33) пријавила дека во казино во Радовиш едно лице оштетило стакло на еден од апаратите за игри на среќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.12.2021 во периодот од 08:00 до 11:00 часот на територијата на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена зајакната акциска контрола над возила кои вршат јавен превоз на патници. Контролирани биле 50 возила, а 20 од нив биле упатени во станица за технички преглед, при што кај две возила (1 во Струмица и 1 во Радовиш) биле констатирани неправилности. За сторените прекршоци биле изречени соодветни санкции.

Share via
Copy link