fbpx

Советот на општина Василево го донесе Буџетот за 2022 година

 Советот на општина Василево го донесе Буџетот за 2022 година

Буџетот на општина Василево за наредната 2022 година, тежок 154 667 000  денари, беше усвоен од Советот на општина Василево на редовната четврта седница одржана на 23.12.2021 година.  Според образложението дадено од градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, Буџетот за 2022 година е Буџет за финансиска стабилизација на општината  која е во многу лоша состојба, со огромен долг и блокирана сметка.  Овој буџет е за 10% помал од минатогодишниот и е планиран согласно приоритетите но и реално очекуваниот фискален капацитет на општината, потенцира градоначалникот Андонов.

Бројката од 155 667 000 денари се однесува на консолидираниот Буџет, чиј составен дел се и Буџетите на единките корисници,   односно двете основни училишта „Гоце Делчев“ и Атанас Нивичански и детската градинка „Прва радост“. Основниот Буџет на општина Василево без Буџетите на единките корисници изнесува 70 060 000 денари.

На седницата усвоени се и останатите точки од дневниот ред, меѓу кои:

Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2022 година;  Предлог-Одлука за утврдување на бодот за платите на административните службеници во општина Василево за 2022 година; Програмата за субвенционирање за 2022 г. на ЈПКД „Турија“, Василево; Програмата за работа на ЈПКД „Турија“, Василево за 2022 година;  Одлуката за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Василево од сите ризици и опасности за 2022 година; Двогодишниот акциски план за родова еднаквост на општина Василево за 2022-2023 година; Програмата за одржување на уличното осветлување во општина Василево за 2022 година; Одлуката за формирање на Општински совет за превенција на детско претстапништво, како и Одлуката за престанок со работа и ликвидација на Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „Астра -Луна“ Струмица, – јавно претпријатие, основано во 2020 година,  како заедничко за десетте општини од Југоисточниот плански регион. На седницата усвоен е и Предлогот за меѓуопштинска соработка, согласно кој општина Василево би соработувала со општина Ново Село во делот на вршење на одредени работи во областа на проценката на недвижен имот.

Позитивен одговор доби и единственото барање за финансиска помош, доставено до Советот на општина Василево.

Share via
Copy link