fbpx

Костадинов на средба со здруженија и организации кои опфаќаат лица со попреченост

 Костадинов на средба со здруженија и организации кои опфаќаат лица со попреченост

Градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, во Домот на АРМ одржа средба со претставници на здруженија и организации кои опфаќаат лицата со попреченост.На средбата градоначалникот Костадинов информираше за поддршката што овие лица ќе ја добијат од буџетот на општина Струмица за 2022 година за приоритетите утврдени на средбата којашто се одржа пред донесувањето на буџетот на почетокот од овој месец.

Обезбедени се средства за лични и образовни асистенти на ученици со попреченост вклучени во образовниот процес, продолжува бесплатниот превоз за ученици и лица со попреченост со специјалното возило, обезбедена е поддршка на Повеќенаменскиот социјален центар, развивање и испорака на социјални сервисни услуги за помош и нега во домот и услуга за дневен престој на лица стари и напуштени и лица со попреченост, јакнење на менталното и физичкото здравје во рехабилитационите центри и специјалниот фитнес центар во Струмица.

Исто така, обезбедена е поддршка и за лицата со попреченост коишто живеат во мали групни домови, организирање советодавни канцеларии, надминување на архитектонските бариери и поставување звучна сигнализација, како и за проекти од јавен интерес заради вклучување на социјално ранливи и граѓани од социјален ризики проекти од невладини организации од областа на социјалната заштита, здравството и домувањето на граѓани во ризик.

Оваа поддршка од општинската каса ќе значи подобрување на условите за живот на лицата со попреченост.

Share via
Copy link