fbpx

Полициски билтен:одземени пари во продавница во Негорци, физички напад во Струмица

На 29.12.2021 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека околу 19.00 часот во продавница во село Негорци, гевгелиско, едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.12.2021 во 04.00 часот во Полициска станица Струмица, Љ.Г. од Струмица пријавил дека околу 03.00 часот на улица „Ѓуро Салај“ во Струмица бил физички нападнат од К.Б..  По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link