Костадинов: фали намалување од 0.001 грам манган на литар вода за да добиеме пак питка вода
Ковид статистика Струмица:11 нови и 3 оздравени
Во последните 24 часа направени се 5.489 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 196• Битола – 36• Охрид – 20• Кавадарци – 18• Прилеп – 17• Струмица и Гевгелија – по 11• Велес – 9• Крива Паланка – 7• Куманово и Штип – по 6• Кичево, Неготино, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 4• Тетово, Кочани и Делчево – по 3• Радовиш – 2• Струга, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица:
8 починати лица од Скопје (54г, 66г, 68г, 71г, 79г ,87г, 87г и 87г), две починати лица од Битола (67г и 72г) и по едно починато лице од Кичево (75г) и Штип (74г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се шест починати лица со датум на смрт од 03.12. до 21.12.2021 година. Регистрираните се починати лица од Скопје (3), Битола(1), Куманово (1) и Струга (1). На возраст од 65 до 92 години. Три лица се починати во болнички услови и три лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 320 оздравени пациенти од:
• Скопје – 175• Прилеп – 24• Битола – 19• Кавадарци – 18• Охрид – 13• Велес – 9• Гевгелија – 8• Штип – 7• Куманово – 6• Ресен, Тетово и Радовиш – по 5• Кичево и Валандово – по 4• Струмица и Кратово – по 3• Неготино и Кочани – по 2• Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Свети Николе, Берово, Виница, Пробиштип и Пехчево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.591.522 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 224.507, бројот на оздравени пациенти е 211.548, на починати е 7.953, а бројот на активни случаи изнесува 5.006