„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Двајца Срби шверцувале девет мигранти од Куба
Вчера од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица биле лишени од слобода Ф.С.(20) и Б.Е.(19), двајцата српски државјани, соопштија од МВР.
Имено, во близина на бензинска станица кај Смоквица, при контрола на патничко возило „голф“, со српски национални ознаки, управувано од Ф.С., каде како совозач бил Б.Е., било констатирано дека во возилото се превезуваат 9 лица мигранти од Куба, од кои две малолетни лица, кои оствариле илегален влез во државата.
Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје возачот и совозачот се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава, а лицата мигранти се пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.