Градоначалникот Костадинов го објави изгледот на новиот парк во поранешната касарна
Костадинов во посета на Домот за стари лица „Отворено срце“
-Од срце денеска ја прифатив поканата и го посетив Домот за стари лица и дневен центар „Отворено срце“ во близина на локалитетот „Цареви кули“.Заедно со бабите и дедовците, кои својата старост ја поминуваат во овој дом, ја одбележавме Старата Нова година кршејќи лепче со паричка. Си поминавме прекрасно, во убава и позитивна атмосфера, богата трпеза и убав муабет.На добитничката на паричката и подарив скромен подарок, а на сите им посакав многу здравје и убави моменти во Новата година, објави градоначалникот Костадинов на својот фејсбук профил.