„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Градоначалникот Костадинов на дијалог за унапредување на средното стручно образование
Реформите во стручното образование се неопходен услов за креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите и барањата на пазарот на трудот, но и за зголемување на можноста за вработување на младите, што е наша примарна цел, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Токму затоа, а и како Општина на којашто локалниот економски развој и е приоритет, денеска ја дадов мојата поддршка на дијалогот со министерот за образование и наука, господинот Јетон Шаќири и претставниците на Стопанската комора на Република Северна Македонија, Центарот за стручно образование, бизнис секторот и средните стручни училишта за унапредување на средното стручно образование, додава струмичкиот градоначалник.
-Јас и како градоначалник, но секако и како млад човек, ги поддржувам сите позитивни промени кои носат напредок, особено, кога станува збор за младите луѓе. Јас искрено верувам дека веќе наредната година, јас и министерот ќе бидеме само гости на таков еден настан, а кој изворно ќе биде поттикнат од бизнис секторот, напиша Костадинов.