„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Вицепремиерот Битиќи и градоначалникот Костадинов на средба со стопанственици
На иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, се одржа средба со претставници на бизнис секторот во Струмица, а на којшто присуствуваше и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
-Целта ни е заедно со бизнис секторот да се сретнеме на еден понеформален начин овде во Концепт и да разговараме за целата реализација на Буџетот, за кварталниот буџет – реализацијата во последните три месеци од 2021 година. Зошто е тоа важно? Затоа што без бизнис секторот нема и силна Струмица. Реализацијата од 104 проценти кажува дека буџетот е доволно полн за да ги реализираме и остваруваме капиталните расходи што се од суштинска важност за подобрување на секојдневието на граѓаните. Сакаме да воспоставиме пракса на комуникација и да обезбедиме партиципативност бизнис секторот, најголемиот полнач на општинската каса, да биде вклучен во креирањето на локалната политика, рече Костадинов.
За вицепремиерот Фатмир Битиќи Струмица е исклучително добар пример како локалната самоуправа може да се справи со кризата.
-Тие се единствена општина во Македонија во која локалната самоуправа има обезбедено субвенции и за граѓаните, но и за стопанствениците за да се справат со енергетската криза. Мислам дека е пример за почит затоа што и ние како Влада правиме напори да помогнеме секаде каде што е потребно, истакна Битиќи.