fbpx

Полицијата апелира да се отстранат хаварисаните возила од јавните површини

Локалниот совет за превенција при општина Струмица на својата петта седница одржана на 30.03.2022 година донесе заклучок за решавање на проблемот со хаварисани возила кои се оставени на улици, тротоари, паркинг простори и други јавни површини на подрачје на општина Струмица.

Поради наведеното, Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до граѓаните кои имаат оставено хаварисани возила истите да ги отстранат од сообракајните или јавните површини.

Во спротивно, полицијата ќе преземе мерки за санкционирање на сопствениците на истите согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а трошоците за присилно отстранување ќе ги сносат самите сопственици.

Share via
Copy link