Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Ученици од „Јане Сандански“ учествуваат на Светските школски игри во Франција
Ученици од СОУ „Јане Сандански“ од Струмица учествуваат на Светските школски игри во Нормандија, Франција, кои ќе се одржат од 14 до 22 мај и истите се најголемо светско натпреварување за ученици кое се одржува од далечната 1974 година. Оваа година има учесници од 70 земји.
СОУ „Јане Сандански“ ќе има свои претставници во име на пингпонгарот Борис Секулов, одбојкарките Добрина Хаџи-Тосева, Тинче Недева и Софија Пандева, а ќе ги води професорот Гоце Кончалиев.
Организацијата е во рамки на Сојуз на училишен спорт, а патувањето и престојот на нашите спортисти е помогнато од Општина Струмица и Градоначалникот Костадин Костадинов. Опремата за спортистите ја обезбеди „ЛОМА Спорт“ од Скопје.