fbpx

Градоначалникот Костадинов на средба со претставници на „НОВУС“

 Градоначалникот Костадинов на средба со претставници на „НОВУС“

-Денеска ја отворивме вратата за Центарот за истражување и анализи НОВУС за реализација на проект „Заштита од корупција“ како соработници на Центарот за граѓански комуникации со кој Општина Струмица склучи меморандум за соработка, објави градоначалникот Костадинов.

-Претседателот на НОВУС, Ѓорги Милушев, ме информираше за реализацијата на проектот кој опфаќа мониторинг на процесите за јавни набавки кои ги спроведуваат општина Струмица и нејзините институции, во насока на давање на одредени препораки за подобрување на тие процеси и во насока на нивна заштита од корупција.Невладините организации се наши партнери и секогаш ќе ги поддржуваме и кога не фалат, критикуваат и кога имаат нови предлози за европската верзија на Струмица, напиша Костадинов.

Share via
Copy link