fbpx

Општина Струмица и „Комуналец“ донираа специјално возило за собирање смет на Општина Босилово

 Општина Струмица и „Комуналец“ донираа специјално возило за собирање смет на Општина Босилово

-Речено – одлучено – сторено. Тоа би било резимето од денешниот чин на доделување возило за смет за потребите на Општина Босилово од страна на ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Откако Управниот одбор на „Комуналец“ донесе одлука, со донација на специјално возило за смет, да и се помогне на општина Босилово, а потоа истата таа одлука доби и „зелено светло“ од страна на Советот на општина Струмица, денес на заемно задоволство беше извршено примопредавање на такво возило во дворот на „Комуналец“ во Босилово, напиша Костадинов.

-Општините не смеат да се делат на големи и мали, ниту пак на „наши и ваши“ според политичката припадност на луѓето кои ја сочинуваат локалната власт. Потребите на граѓаните немаат партиска обоеност. Токму поради тоа, денешната солидарност на дело треба да биде вистински урнек за сите општини во државата.Продолжуваме во ист стил и со исто темпо. За кого? За граѓаните, додава струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link