„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Во Југоистокот ќе се прска против комарци на 22 и 23 јуни
Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека во период на 22 и 23 јуни 2022 година, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни комарци со следниот распоред:
На 22.06.2022 (среда), во општините Струмица и Гевгелија.
На 23.06.2022 (четврток), во општините Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче, Ново Село и Радовиш.
Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат подобри.
Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.