„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Советот на Oпштина Струмица ја одржа единаесеттата седница
Советниците ги усвоија Правилниците за финансиска поддршка за деца со надмината возраст во една наставна година и за доделување на стипендии за ученици од основните и средните училишта во Општина Струмица за една наставна година.На денешната седница беше усвоена измена и дополнување на Годишен план за вработување на ЈПКД „Комуналец – Струмица” Струмица за 2022 година, а беше дадена и согласност за обезбедување финансиски средства за пополнување на работни места согласно Измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување на ЈПКД „Комуналец” Струмица за 2022 година.Советот донесе Одлука за основање на Јавна општинска установа за деца – Детска градинка „Виножито“ – Струмица, а го усвои и актот за основање на оваа јавна општинска установа за деца.
Советот на општина Струмица го усвои годишниот план за вработување во Јавното претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња „Стационар – Лана“ Струмица за 2022 година,а беше усвоено и барањето за согласност за обезбедени финансиски средства за пополнување на работни места согласно Годишниот план за вработување за 2022 година во ова јавно претпријатие.Беше донесено решение за разрешување и именување претседател на Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица, како и решението за разрешување и именување на претседател и членови на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи.
Во рамки на своите надлежности Советот донесе и повеќе одлуки за утврдување, измена и дополнување на детални урбанистички планови, како и урбанистичко планска документација.