fbpx

Градоначалникот Костадинов на увид на изградбата на водовод во Раборци

 Градоначалникот Костадинов на увид на изградбата на водовод во Раборци

Градоначалникот Костадин Костадинов со соработниците и директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Горгиев, извршија увид во градежните работи на водоводниот систем во населеното место Раборци.

Со овој проект, за кој се обезбедени 2,7 милиони денари од општинскиот буџет, се предвидува изградба на нови водоводни линии во вкупна должина од 1.537 метри од кои досега се изградени околу 1.000 метри. По реализација на главната водоводна мрежа, ќе следува изведба на секундарни линии и нивно приклучување до домаќинствата.

Текот на реализација на овој проект само покажува дека Општина Струмица ги следи и почитува барањата на граѓаните и соодветно постапува по истите. Овој проект и сите останати кои се во тек ја потврдуваат нашата силна фокусираност кон подобрување на животот на граѓаните, како во градот така и во сите населени места во општина Струмица.

Share via
Copy link