fbpx

Градоначалникот Костадинов им го честиташе на најмладите „пандевци“ освојувањето на купот Драган Манце во Србија

 Градоначалникот Костадинов им го честиташе на најмладите „пандевци“ освојувањето на купот Драган Манце во Србија

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска организираше прием за Пионерскиот состав на Академија Пандев генерација 2010 којашто е победник во својата конкуренција на годинашново издание на Драган Манце Купот во Белград, Србија каде учествуваа 40 екипи од поранешена Југославија, но и од Полска и Молдавија.

Децата на тренерот Васко Тодоров покажаа одлични партии на турнирот и го кренаа победничкиот пехар, а Димитар Петров беше прогласен за најдобар голман во својата конкуренција.

Градоначалникот Костадинов им ја честиташе победата и им посака уште многу победи на следните натпреварувања, а младите и успешни фудбалери му подарија топка на којашто ги напишаа нивните имиња.

Инаку, генерацијата 2010 на Академија Пандев беше учесник и во Македонската детска лига во ова генерација каде на национално ниво на завршниот турнир го освоија второто место.

Share via
Copy link