fbpx

Нема да има музеј на градскиот плоштад

 Нема да има музеј на градскиот плоштад

Во просториите на Домот на АРМ денеска се одржа повторена Јавна анкета за дел од Централното градско подрачје на делови од Блок 1 (УЕ1), Блок 30 (УЕ7), Блок 33 (УЕ4) и Блок 37/1 (УЕ5) во Струмица, со површина од 8,11 хектари.

Јавната анкета по истиот е отворена до 27.07.2022 година и во тој рок заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Градоначалникот Костадин Костадинов потенцираше дека за него приоритет е мислењето на граѓаните.

-Музеј на градскиот плоштад нема да има, но ќе има реконструкција со многу зеленило и убави содржини за струмичани, истакна Костадинов.

Share via
Copy link