Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Рарешена директорка на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
Советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион со мнозинство гласови ја разрешил директорката на Центарот за развој на овој регион, Жулиета Ѓуркова. За нејзино заминување од функцијата гласале осум градоначалници, односно нивни ополномошени претставници.
Седницата се одржала во Ново Село , а за разрешување на Ѓуркова гласале првите луѓе на Струмица, Босилово, Ново Село, Василево, Радовиш, Богданци, Конче и Гевгелија, додека не гласале градоначалниците на Дојран и Валандово, кои не присуствувале на седницата.
Засега нема информации ниту од претседателот на Советот, градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, ниту од другите другите градоначалници за разрешувањето на Ѓуркова, освен куси одговори дека така се договориле.
Досегашната директорка Жулиета Ѓуркова само кусо изјави дека нема коментар и не ги знае причините зошто е разрешена.
До изборот на нов директор со Центарот ќе раководи Јован Коцев, кој е таму вработен и тој ќе ја извршува функцијата вршител на должноста директор.
Неофицијално за наследник на Ѓуркова, која беше на чело на Центарот цели 14 години и е разрешена пред истекувањето на мандатот, се спомнува поранешен пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Валандово.
Инаку, во Советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион од вкупно 10, шест се од ВМРО ДПМНЕ и четворица од СДСМ.