fbpx

Почна реконструкцијата на ОУ „Гоце Делчев“ во Вељуса

 Почна реконструкцијата на ОУ „Гоце Делчев“ во Вељуса

Општина Струмица и Министерството за образование и наука започнаа со комплетна реконструкција на на училиштето „Гоце Делчев“ во населеното место Вељуса.Со неа ќе бидат изведени градежни зафати на кровната конструкција, фасадата, санитарните јазли, внатрешниот дел, кои ќе обезбедат квалитетен простор за учениците, поголема енергетска ефикасност и противпожарна заштита на објектот, а ќе бидат изведени и пристапни рампи и посебен тоалет за лицата со попреченост.

Градоначалникот Костадинов изврши увид во реконструкцијата на училиштето

Вкупната вредност на реконструкцијата изнесува околу 40.000.000 денари, а според планот градежните работи треба да завршат за 6 месеци.

Share via
Copy link