Костадинов: Жените се срцето на нашата заедница – основата на нашите семејства
Фондацијата „Заев едно општество за сите“ донираше 200 илјади денари по повод Светскиот ден на хуманоста
-Под мотото „Потребно е село“ кое асоцира на познатата поговорка „Потребно е цело село за да се одгледа дете“, годинава, под покровителство на Обединетите нации, се одбележува 19 Август – Светскиот ден на хуманоста. Длабочината на метафората која произлегува од насловот на кампањата, укажува на зголемување на глобалната свест за хуманитарната работа. Ако го разбудиме човекот во секој од нас, сите можеме да бидеме хумани. Денес, како никогаш порано, потребни сме си едни на други, објавија од Фондацијата.
-Поаѓајќи од своите цели и начела, да бидеме „подадена рака“ на оние на кои им е потребна, Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, во чест на Светскиот ден на хуманоста, донира 100.000 денари на „СОС Детско село“ и 100.000 денари за семејствата на четирите куќи од Прилеп, кои неодамна беа опожарени од удар на гром, напишаа од Фондацијата „Заев едно општество за сите“.