fbpx

Градоначалникот Костадинов присуствуваше на започнувањето на реконструкцијата на патот Робово – Муртино

 Градоначалникот Костадинов присуствуваше на започнувањето на реконструкцијата на патот Робово – Муртино

-На барање од граѓаните, а на мое инсистирање и проследување на барањето до надлежните од централната власт, денеска започна рехабилитацијата на патниот правец Робово – Муртино, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

-И оваа инвестиција тешка околу 50 милиони денари е плод на добрата соработка што ја имаме со владините институции и ресорните министерства.За неполна година од мојот мандат во соработка со Министерството за транспорт и врски, ја завршивме фекалната канализација во Банско од 800.000 евра, а во Градско Балдовци ќе го реализираме моето изборно и програмско ветување со објавување на втората јавна набавка за фекална и атмосферска канализација.Ова е начинот на којшто треба да функционираме. Оваа влада има слух за потребите на граѓаните, а ние градоначалниците колку и да сме идеолошки различни, треба да работиме за граѓаните, напиша Костадинов.

Share via
Copy link