fbpx

Струмица Никоб-Мурса 2:3

 Струмица Никоб-Мурса 2:3

Одбојкарите на македонскиот шампион, Струмица Никоб, вечерва во салата „Парк“ се поразени од тимот на Мурса од Осиек, Хрватска, со 3:2, по сетови 22:25, 25:23, 12:25, 25:22 и 16:18 во рамките на квалификациската рунда од 32-финалето на Купот на ЦЕВ.

Во петтиот сет струмичани водеа со 12:9, но гостите израмнија на 12:12 и поведоа со 12:13, но домаќините израмнија на 13:13. Во возбудливата завршница резултатот беше 14:14, па Хрватите поведоа со 15:14. Повторно израмнување 15:15, за на крајот два поени предност да обвезбедат гостите со 18:16.

Реванш натпреварот е за седум денови во Осиек.

Share via
Copy link