fbpx

Костадинов:Со одлуката на српската влада за изземање на нашата држава за извоз на гас, Струмица го обезбедува овој енергенс по поволни услови

-Упатувам огромна благодарност до Владата на Република Србија за одлуката за изземање на Северна Македонија од забраната за извоз на гас. Упатувам благодарност и до македонската Влада, до премиерот Ковачевски и до претседателот на Република Србија, Вучиќ, што со нивните иницијативи и поддршки овозможуваат вакви регионални соработки, објави вечерва градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Конкретно за Струмица ова значи можност за обезбедување компресиран гас по поволни услови, енергенс со кој се затоплуваат круцијални општествени објекти во градот како што се градинките, училиштата, болниците, јавните установи и секако, дел од домаќинствата и фирмите, потенцира Костадинов.

-Оваа поддршка е резултат на механизмите за помош и поддршка во кризни ситуации создадени од Отворен Балкан, иницијатива која уште еднаш покажува конкретни резултати за добробит на граѓаните. Ги охрабрувам сите колеги градоначалници уште поинтензивно да работат во правец на проектирање и реализација на гасоводни мрежи кои во вакви кризни моменти имаат круцијално значење.Со гасификацијата Струмица стана модерен град кој денес ги надминува границите на просечното, град кој денес брза напред кон повеќе зеленило, обновливи извори на енергија, електричен јавен превоз и дигитализација на услугите, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link