fbpx

Маж и жена од Мокриево загинаа попладнево во сообраќајна несреќа во Колешино

 Маж и жена од Мокриево загинаа попладнево во сообраќајна несреќа  во Колешино

Денеска во 14:10 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Колешино, струмичко, Т.Н.(70) од село Мокриево, струмичко, управувајки патничкo возило “пасат” со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.

На местото на несреќата лекар од Итна медицинска помош Струмица констатирал смрт кај возачот и сопатничката Н.Н.(69) од село Мокриево.

Увид извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица.

Share via
Copy link