fbpx

Полициски билтен: физички напади во Радовишко и Струмичко

 Полициски билтен: физички напади во Радовишко и Струмичко

На 11.12.2022 во 22.15 часот во Полициската станица Радовиш бил приведен Ѓ.З.(44) од село Бучим, радовишко, затоа што околу 22.00 часот во село Тополница, радовишко, тој и неговиот малолетен син физички го нападнале Ј.Д.(44) од село Бучим. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.12.2022 во 20.00 часот во Полициската станица Струмица, И.Б.(29) од село Просениково, струмичко, пријавил дека околу 17.00 часот во село Просениково бил физички нападнат од Д.А. од село Баница. Истиот ден, во 21.00 часот и Д.А.(18) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 16.45 часот во Струмица бил физички нападнат од М.К. од село Василево и И.Б. и И.Б. од село Просениково, струмичко. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Share via
Copy link