„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Кривична за штипјанец за извршени тешки кражби
Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против М.Ј.(19) од Штип, со престој во Радовиш, поради постоење на сомнение дека во периодот од април до декември 2022 година на подрачје на Радовиш извршил осум кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“, соопштија денеска од СВР Струмица.
Службен разговор бил извршен со пријавениот, при што тој ги признал делата. Едно од кривичните дела „тешка кражба“ го сторил заедно со лицето С.Р.(21) од Штип, со престој во Радовиш, со кој бил извршен разговор во полициска станица.
Инаку, пет од делата ги сторил во викенд куќи на планина Плачковица, а останатите на други локации во Радовиш и околните населени места.