„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Старицата во Струмица убиена со давење или задушување
М.Б. (83) од Струмица која беше пронајдена мртва во петокот попладне во својот дом е убиена со давење или задушување.
Такви се првичните информации од истрагата што ја води ОЈО Струмица и првичните резултати од обдукцијата, кои покажале дека смртта настапила по насилен пат.
Од обвинителството информираат дека интензивно се работи на расчистување на случајот и откривање на сторителот или сторителите на овој грозоморен чин.
Безживотното тело на старицата беше пронајдено во петокот попладне од блиски членови на семејството, кои повикале Итна медицинска помош, а потоа лекарите ја известиле полицијата.