Полициски билтен:потешко повреден возач во сообраќајка, тројца возеле без возачка дозвола
Полицијата поднесе кривична пријава против жител на Подареш, пронајдени 60 стебла канабис

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против С.П.(36) од село Подареш, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 09.05.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 60 стебла од растението канабис.
Фото: архива