fbpx

„НОВУС“ одбележа една деценија постоење

 „НОВУС“ одбележа една деценија постоење

Центарот за истражување и анализи „Новус“ од Струмица синоќа одбележа десет години постоење. На пригодниот собир со изложба на фотографии од досегашното работење, беше истакнато дека „Новус“ е идеја која започнала пред точно 10 години, кога 6 млади луѓе решиле да започнат да дејствуваат организирано и да бидат дел од промените кои се однесуваат на младите, па и на сите други прашања во нашата општина, регион па и цела држава.

-Како и секоја една работа, почетоците беа екстремно тешки, како млади луѓе без некое искуство се трудевме и се боревме на секое поле, но од друга страна секоја една идеја, активност, акција беше искрена и доаѓаше од вистинските побуди и потреби на нас прво како млади луѓе, а после и како граѓани на оваа општина и оваа држава, рече во своето обраќање Марија Бандулова од „Новус“.

За изминатите 10 години „НОВУС“ реализирал 31 проекти, обучил повеќе од 1.000 млади, спровел 22 кампањи,  има издадено повеќе од 30 публикации и истражувања, има спроведено и организарано повеќе од 100 настани со преку 3.000 учесници и брои 250 волонтери.

-Со лекциите научени во декадата успешно постоење, после совладаните предизвици и добиените битки, остануваат соништата за иднината. Преостануваат уште многу битки да бидат започнати и добиени, но тоа е суштината на младинскиот активизам. Секоја генерација има свои битки, некои наследени од претходната, а некои свои сопствени. Можеби најголемиот успех во овие 10 години постоење на НОВУС не се мери во објективни општествени мерила, туку се огледува во разликата која ја има направено во личните животи. Сите обуки, дебатни турнири, кампањи, герила акции, симулации, тркалезни маси, конференции, саеми кријат и лични приказни на дружења, љубов, професионален поттик за избор на идна професија и истомисленици за бранење на заеднички ставови, рече претседателот на ова здружение, Ѓорги Милушев.

Инаку, „НОВУС“ веќе делува и како Локална Канцеларија на Младински Ообразовен Форум и Регионална Канцеларија на Национален Малдински совет на РМ.

Share via
Copy link